Во Кочани вчера полициски службеници од Полициската станица Кочани ги лишиле од слобода Б.А.(54) и С.С.(63), двајцата од Република Косово.

Од МВР соопштија денеска дека тие биле затекнати и фатени на Градскиот пазар во Кочани при извршување „тешки кражби“ на дрзок начин, односно при одземање пари и други предмети од чанти на неколку лица.

Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.