Полицијата приведе четири лица кои фрлале со камења и тврди предмети кон собраниската зграда за време на денешниот протест пред Собранието против францускиот предлог.
Протестот почна точно напладне, а сега пред Собранието има помала група на граѓани, но видно е зголемено полициско обезбедување.
На протестот учесниците се појавија со транспарентите „Македонци уште се борат за своите правдини“, „Слободна ја сакаме, не сакаме протекторати“, „Стоп за бугаризација“, а дел од нив незадоволството го искажаа преку свирежи и фрлање со јајца, камења и тврди предмети кон Собранието
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.