Вчера во 11.30 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата полициски службеници ги привеле К.М.(33) и К.М.(32), двајцата од Грција, поради тоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Од МВР известуваат дека тие биле предадени на полициски службеници при СВР Куманово за понатамошна постапка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.