Полициски службеници денеска уапсиле тетовчанка барана со потерница за издржување затворска казна од две години.

-Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 12 часот на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје ја лишија од слобода В.И.(40) од Тетово, која била барана со централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од две години, а во врска со кривично дело по член 201 од КЗ на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што наведуваат од МВР, лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.