По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје вчера во Скопје го лишиле од слобода С.А.(30) с.Пагаруша, општина Студеничани.
Тој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“ по член 190 од Кривичниот законик, односно во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје, соопштија од МВР.
Лицето било задржано во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените. Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.