На 04.08.2023, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, по преземени оперативни мерки, го лишиле од слобода Д.М.(25) од Прилеп.
Тој се сомничи дека на 03.08.2023 на паркинг пред зграда во Прилеп со запалива течност предизвикал пожар во патничко возило „опел астра” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Р.П.(50) од Прилеп. Со него бил извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 од Кривичниот законик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.