Од полицијата соопштија дека е приведен криминалец баран по централна потерница за издржување на 14 години казна затвор.

На 25.03.2022 во 18.20 часот на ул.„Втора македонска бригада” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Е.(60) од Велес, со живеалиште во Скопје.

 

За него била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје со која се барал за издржување казна затвор од 14 години за сторени кривични дела по член 394, член 316, член 247, член 259, член 261 и член 396 од Кривичниот законик – информираат од МВР.

Лицето било спроведнео во казнено-поправна установа з аиздржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.