Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска го лишија од слобода А.Ш. (24) од скопското село Чајлане.

Како што информира МВР, А.Ш. бил приведен на улица „Качанички пат“ во Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето А.Ш. ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.