Полициски службеници денеска околу пладне на булеварот „Ослободување“ во Кичево го лишиле од слобода Р.Х.(27) од Кичево под сомнение дека предизвикал пожар.

Тој се сомничи дека во индустриската зона „Иванидол“ во близина на Кичево, запалил електричен кабел по што, избувнал пожар кој набрзо се проширил на површина од околу десет илјади метри квадратни.

Во гасењето на пожарот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а нема повредени лица.

Како што се посочува во соопштението од СВР – Охрид, по целосно документирање на настанот, против Р.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.