Полициски службеници од ОВР Кичево вчера во 14.30 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево го привеле Н.Н.(37) од Битола, за кого била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.
МВР денеска соопшти дека Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.