Полициски службеници од СВР Скопје, вчера привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицето, на 28 месецов, во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.

Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до страна на Основното јавно обвинителство – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.