Полициски службеници од СВР Скопје вчера го лишиле од слобода К.Л.(28) од Скопје, информираа денеска од МВР.

Претходно, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволената трговија при СВР Скопје извршиле претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров, при што биле пронајдени и одземени неколку пакувања марихуана, неколку пакувања бела прашкаста материја, таблети, дигитална вага, куршуми, пари и други предмети.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него, по брза постапка, е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по што бил изведен пред судија на претходна постапка кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.