Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Mакедонско косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(24) од Скопје, удрило во велосипед, управуван од малолетник од Скопје.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.