Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи вчера, кога биле удрени од воизло.

Првата несреќа се случи во Куманово претпладнето. Како што соопштува МВР, во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пелинска“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.(42) удрило во пешакот Р.М.(75), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Во 19.00 часот во СВР Скопје, пак, било пријавено дека на крстосница од ул.„Водњанска“, ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје, моторцикл „ктм“ со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Скопје, удрил во пешакот С.Ј.(60) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ј. констатирани во приватна болница. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.