Вчера во 17.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од с.Катланово кон с.Градманци, скопско, патничко возило удрило во А.А.(54) од с.Катланово, по што го напуштило местото.

А.А. починал, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.