Вчера вo 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.15 часот на ул.„Лука Геров” во Скопје патничко моторно возило удрило во малолетник и го напуштило местото.

Малолетникот се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.