Познат е идентитетот на тројцата Македонци што синоќа загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Италија.
Од Министерството за надворешни работи информираа дека нашата амбасада во Рим добила усна потврда од надлежните италијански институции и станува збор за лицата: З.С. (33) од Македонска Каменица; А.К. (31) од селото Саса (Македонска Каменица) и В.И. (30) од село Пекљани, Виничко.
Тие биле во еден автомобил, а се судриле со возило што било управувано од 23-годишен Италијанец, кој е четвртата жртва во несреќата.
Сообраќајката се случила доцна синоќа во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт.
Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата, велат од МНР.
Возилата биле целосно уништени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.