Министерството за внатрешни работи денеска во билтенот информира за пукањето во трговиот центар „Ист Гејт“ кое се случи вчера.
Околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, се наведува во полицискиот билтен.
Од МВР истакнуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска потврди дека вчерашното пукање во Ист Гејт е криминална пресметка.
Точно се знае и беграундот на лицето во коешто е пукано и конфликтите што ги имате, практично тие се групи криминални, кои се разбиени во најголемиот дел и за кои јас и информирав пред некое време, во многу оперативни акции што сме ги презеле, секојдневно. Самите сте сведоци дека во последниот месец имаме приведено тројца, како дел од групите коишто беа во така наречената оперативна акција „Планина“ итн, говори за еден висок степен на ангажираност и за конфротација помеѓу тие криминални групи, коишто 30 години некој ги создавал, рече Спасовски.
Прашан како можеше да се дозволи вчерашниот инцидент, пукање во молот во Скопје и тоа втор по ред инциденти, Спасовски со одговор дека во Скопје и во други градови во земјава криминални активности се случуваат секојдневно и какошто вели работата на полицијата е да работи перманентно во подобрувањето на безбедноста и тоа не само во делот на криминалитетот, туку и во сообраќајот и во секој дел, во којашто е таргетиран безбедноста на граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.