Пожарот кој од вчера доцна попладне беснее на територија на Општина Чешиново-Облешево пред малку се прошири и на територија на Општина Пробиштип, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Посочува дека кон пожарот полета еден „ер трактор“, а за полетување се подготвуваат два полициски хеликоптери.

И покрај напорите на пожарникарите, пожарот кој вчера започна на територијата на Општина Чешиново-Облешево продолжи да гори низ висока сува трева, грмушки и деградирана шума, со зголемен интезитет. Утрово пожарот се движеше во атарите на селата Врбица, Рајчани, Буниш и Турско Рударе а пред малку се прошири и на територијата на Општина Пробиштип движејки се во насока на квалитетна шума, вели Ангелов.

Тој посочува дека за да се спречи влегување на пожарот во шума, но и да се спречи загрозување на околните села, покрај пожарникарите од ТППЕ Кочани и Пробиштип еден Ер трактор на ДЗС полета кон пожарот, а два полициски хеликоптери се подготвуваат за полетување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.