Пожарот кај Ајватовци во скопската Општина Илинден е ставен под контрола, повеќе не се шири, се работи на негово доизгаснување, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот е активен на само еден крак, под репетиторите, а останатите делови во текот на ноќта се изгасени и нема никаква опасност.
„Екипи на скопската Пожарна работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски. Очекувам да биде целосно изгаснат во следните неколку часа. Засега нема потреба од воздухоплови“, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.