Пожар избувна денеска во импровизиран автосервис – гаража во Ново Лисиче. Интервенирано е со две противпожарни возила и седум пожарникари. Повредени нема, причинета е материјална штета.

Пожарот е изгаснат, екипите се повлечени. Имаше опожарени едно патничко возило, дрва и некои други материјали. За среќа, нема повредени. Тоа се првичните информации, изјави за МИА командантот на скопската Противпожарна бригада Звонко Томески.

Материјалната штета допрва ќе се утврдува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.