Шеесет и петгодишен жител на Скопје, кој живеел во куќата во село Отошница, е починатиот во пожарот што настана во објектот рано утрово околу четири часот. Од Територијалната противпожарна единица од Ранковце информираат дека станува збор за куќа на приземје, со четири простории, од кои опожарена е само едната, каде најверојатно сопственикот спиел, а можна причина за пожарот е палење на оџакот.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, починатиот го пронашле пожарникарите кои го изгасиле пожарот.
– Во четири часот и десет минути, во Секторот за внатрешни работи Куманово било пријавено дека во село Отошница настанал пожар во куќа, сопственост на Т.М. од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ранковце, а во куќата бил пронајден починат сопственикот. Увид на местото извршила екипа од ОВР Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот, информираше портпаролката на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Увидот на полицијата сѐ уште трае, а градоначалникот Борче Спасовски изрази жалење за немилиот настан и сочувство до фамилијата на починатиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.