Пожарот што избувна попладне на територијата на Општина Зелениково се простира во атарот на селата Смесница, Ново Село и Страхојадица.
Еден крак од пожарот е активен во насока на село Смесница, помеѓу селото и пожарот има висока сува трева која може да изгори бргу. Нашите напори се насочени да се обезбеди селото со заорување на критичното место пред селото и правење на изоран појас преку кој пожарот нема да може да помине, изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Од ЦУК претходно информираа дека е локализиран пожарот над Ајватовци во Општина Илинден, што беше активен два дена откако доцна попладнево беше ставен под контрола и вториот крак.
Пожар има и во атарот на Студеничани на непристапен терен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.