Во пожарот во прилепската конфекција за детска облека „Тила“ изгорело сѐ, соопштија двете сопственички на овој бренд.

Драги наши пријатели, за оние кои се уште не се информирани, со многу тешко срце и голема болка во душата, Ве информираме дека вчера на 21.04.2023 г во фабриката Тила изби пожар во кој за жал изгоре се! Причините за пожарот за жал сè уште не се познати и се чека од страна на надлежните органи на утврдување на истите како и на процена на направената штета. Во моментот на избивањето на пожарот фабриката не работеше и нема повредени, се вели во објавата на Фејсбук.

Сепак, сопственичките порачуваат дека ќе продолжат со работа и дека производството ќе продолжи во најбрз можен рок и продавниците нема да се затворат.

За оние кои не знаат брендот Тила е дело и креација на две сестри кои со помош на нивната семејна компанија конфекција Хатра почнуваат со креирање и менаџирање на компанијата уште во своите рани 20ти години! Брендот Тила го градиме веќе 15 години и со години беше и е единствен македонски бренд на детска облека кој функционира професионално од типот на дизајнерските брендови. Создаден е со премногу љубов, преголем труд и чесна и макотрпна работа. Тоа што ни се случи е премногу болно и тешко за нас бидејќи е вложен многудишен труд и средства за да изградиме современа фабрика и висок стандард на квалитет на нашиот бренд. Сакаме да Ве информираме дека нашите продажни места и понатаму ќе продолжат со работа, а благодарение на нашите пријатели и нивната подршка производниот процес ќе го продолжиме во најбрз можен рок, се додава во објавта.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.