Тетовските пожарникари денес интервенираа на пожар на булеварот „Илинденска“ после пладне, гаснејќи оган што зафати дрвена барака наменета за продажба на овошје и зеленчук. При пожарот и гаснењето нема повредени лица. Пожарот беше причина да се појави голем оган и чад.
По пријавата на случајот веднаш интервениравме, иако пожарот имаше голема моќ, бевме на време да го спречиме дополнителното ширење. Штетите остануваат само материјални, апелираме на внимателност, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна.
Пожарот е пријавен во 12:20 часот, а во 13:30 пожарникарите се вратени во станицата. Интервенирано било со три возила и девет пожарникари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.