Рано утринава во 04.15 часот М.П.(43) од с.Марино, скопско, пријавил дека настанал пожар во неговиот угостителски објект во нас.Илинден, а било скршено и стаклото од влезната врата.

Пожарот, во кој биле опожарени неколку парчиња инвентар, бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.