Оштетена е една наплатна рампа на паркингот кај зелениот пазар, дел од затворените паркинзи на „Градски паркинг“ Тетово, информираат од претријатието. Втор пат се случува инфраструктурата од паркинзите да биде оштетена за време на празници кога паркингот не е во функција.

Непознати сторители ја оштетиле наплатната рампа на паркингот кај зелениот пазар во Тетово. Ова се случува втор пат за време на празник, после вандализмот на паркингот кај О.У. „Лирија” кој се случи за време на Рамазан Бајрам. Повторно апелираме до граѓаните да се однесуваат пристојно и да ги чуваат јавните објекти и опрема.Ваквото однесување дава грда слика и не му прилега на нашиот град. Да бидеме совесни и одговорни, информираа од ЈП „Градски паркинг“.

Од таму додаваат дека и случајот е пријавен во полиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.