Седум мигранти од Сирија, меѓу нив и тројца малолетници, се повредени вчера на регионалниот пат Нов Дојран-Валандово, на крстосницата за село Дедели, кај местото „Фурска чешма“.

Како што соопшти СВР Струмица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило „форд мондео“ во кое се превезувале мигранти.

-Откако го забележале полициските службеници возачот се обидел да избега, но набргу со возилото излетал од патот и го напуштил местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило едно лице мигрант од Сирија, додека со телесни се здобиле шест лица мигранти од Сирија, од кои тројца малолетници, констатирани во Здравствен дом Гевгелија, стои во соопштението на СВР Струмица.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.