Денес во 18.11 часот на 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, парагјадерист, со отворена скршеница на едната нога и веројатна повреда на р’бетот, кој моментално се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камин во Крушево. Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Полицискиот Ми 171, во кој се наоѓам во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево, истакна Ангелов.

Фото: ЦУК



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.