Полициски службеници од СВР Велес, синоќа на автопатот А1 во 12:30 часот го лишиле од слобода Ѓ.М.(68) од Неготино, поради основано сомнение за сторено кривично дело „одземање на моторно возило.“

Тој се сомничи дека неколку часа претходно во Скопје одзел патничко возило „шевролет авео“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Скопје. По целосно документирање на случајот против Ѓ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти денеска МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.