На поранешниот премиер на Шкотска Алекс Саламонд му се слошило и паднал за време на ручекот, а неофицијално починатиот е британски државјанин роден 1954 година односно имал 69 години, пренесува Канал 5.

Според МВР, во СВР Охрид денеска во 15.30 часот било пријавено, а странскиот државјанин починал во хотелот „Инекс Горица“.

Итната медицинска помош, полицијата и основниот јавен обвинител утврдиле смрт, а ќе следи обдукција за утврдување на причините.

Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.