Директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.
Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој денеска околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната.
Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.
Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.