Вчера  во 16.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„8 Септември“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, настанала расправија помеѓу Д.М.(50) од Скопје, кој управувал патничко возило „мерцедес“ и Е.Н.(19) од Скопје, кој управувал мотоцикл „пиаџо“, а сопатник бил С.Р.(28) од Скопје, и двете со скопски регистарски ознаки.

Притоа, според пријавеното, Е.Н. со остар предмет му се заканувал на Д.М., а потоа со возилото удрил во мотоциклот, при што со телесни повреди се здобил С.Р., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.