Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.К.(58), У.К.(45) и С.Х.(41), сите од с.Праленик, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Како што соопшти МВР, на 09.02.2024, прво и второпријавениот биле поттикнати од третопријавениот лажно да пријават кривично дело „тешка кражба“ во нивната куќа, со цел да се обвини друго лице како сторител заради лична нетрпеливост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.