Нови дојави за бомби денеска се испратени до училишта во Скопје, информираат од МВР.

Според досегашните пријави во полиција, закани за поставена бомба се испратени во четири училишта, чии ученици се евакуирани од зградите.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, информираат од МВР.

Училишта, градинки, трговски центри, хотели, спортски објекти, како и разни државни и локални институции, веќе трет месец добиваат лажни закани за поставени бомби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.