По насоки на Основното јавно обвинителство Скопје, со обезбедена судска наредба, од страна на Министерството за внатрешни работи се преземаат дејствија во предистражна постапка за обезбедување докази кои ќе бидат предмет на анализи и вештачење со цел да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, информираат од Јавното обвинителство, во однос на акцијата што се одвива на Клиниката за онкологија во универзитетскиот клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи претходно за МИА ја потврдија акцијата и најавија дека ќе споделат повеќе информации, во координација со обвинителството по завршување на акцијата.
Дел од медиумите објавија дека акцијата следува по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.