Министерството за внатрешни работи уште трага по идентитетот на напаѓачот кој вчера со пиштол пукаше кон Раде Трајковски Штекли и неговиот 23 годишен пријател, кои излегуваа од теретаната во трговскиот центар Ист Гејт.

На 24.10.2023 околу 15 часот од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје во СВР Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и веднаш се упатени полициски екипи за расчистување на случајот. Утврдено е дека машко лице со пиштол пукало кон Р.Т. (36) и Д.Т. (23) од Скопје. На повредените им е укажана лекарска помош во ГОБ “Св. Наум Охридски“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот, велат од МВР.

И додека полицијата ги проверува сите наводи поврзани со напаѓачот во бел блузон, црна капа и црни панталони, Штекли и Д.Т. со прострелни рани се задржани на лекување, едниот на КАРИЛ, а другиот во болницата „Св. Наум Охридски“. Според информациите и двајцата засега се во стабилна состојба, иако повредите се сериозни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.