Вчеравечер во 22.10 часот над с.Пршовце, тетовско, по преземени мерки и организирана потрага, полициски службеници од СВР Тетово во добра здравствена состојба ги пронајдоа 12-те планинари од с.Боговиње, с.Лисец, с.Раковец, с.Пршовце и Тетово, за кои во 21.30 часот А.Р. од тетовско Боговиње пријави дека не можел да стапи во контакт со нив.

Имено, во текот на денот тие заминале во планината над село Пршовце за да одат до место викано ,,Доброшки езера“, а последната локација од каде контактирале била кога се наоѓале кај „Три Чешми“ во близина на границата со Косово, соопшти МВР.

Лицата биле пренесени во Клиничката болница Тетово на преглед.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.