Полицаецот кој беше ранет при филмското грабнување на затвореник кој отслужувал затворска казна во Идризово е пренесен на КАРИЛ.

Се работи за потешка повреда, ранет е во ногата, но и во бешиката.

Околу полноќ на патот Скопје – Велес беше пресретнато затворско комбе кое пренесувало затвореник кој бил на лекување. Напаѓачите биле вооружени, раниле еден полицаец и го грабнале затвореникот, кој во КПД „Идризово“ одлежувал казна затвор од 20 годони заради убиство.

Станува збор за лице со иницијали М.Б. од Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.