Во текот на изминатата вечер во периодот од 21 до 24 часот, Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спровело засилена акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што казнети се 133 возачи.

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Како што информираа од МВР, при тоа 76 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.