Голема површина трска е изгорена во пожарот што вчера попладне избувна во околината на Охрид, соопштија од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Охрид од каде што додаваат дека освен трската во пожарот биле опфатени и овоштарници, а поради силниот ветер постоела опасност да се загрозат и околните куќи.

ТППЕ Охрид во текот на денешниот ден интервенираше на два пожари на отворен простор.
Сторителите кои ги подметнуваат пожарите мора да се санкционираат ! Изгорена е голема површина на трска во која егзистираат голем број на птици и животни, опожарени се и овоштарници, а од силниот ветар имаше реална опасност да се загрозат поблиските куќи кои се штитеа повеќе од четири саати ! Пожарот е ликвидиран од нашите екипи со помош на граѓани и членови на ДПД Ентузијаст Охрид-Дебрца, соопштија оттаму.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.