Мотоциклист починал откако вчера на автопатот Скопје – Велес во близина на селото Катланово излетал надвор од коловозот.

Како што информираат од МВР, вчера во 16.37 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје –  Велес, мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(25) од Скопје, излетал надвор од коловозот. Мотоциклистот починал на местото на настанот.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.