Вчера (20 февруари) во 14.50 часот во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ бил донесен починат 67-годишниот М.С. од Неготино-Полошко.
Според пријавеното, тој паднал од скала додека изведувал молерски работи во куќа во ова село.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а по наредба на Јавен обвинител телото на М.С. му е предадено на семејството, информираат од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.