Две недели после снаата почина и свекрвата по семејното труење во скопска Кисела Вода. Синот кој исто така јадел од питата во која се претпоставува дека имало од опасниот пестицид “Ланате” пуштен е пуштен од Токсикологија на домашно лекување. По наредба на јавен обвинител врз телото на 79 годишната жена која беше хоспитализирана на интензивна нега на КАРИЛ ќе биде извршена обдукција. Во меѓувреме се уште се чекаат резултатите од примероците за токсиколошките анализи земени од починатата снаа.

– Надлежниот јавен обвинител работи на утврдување на причините за труењето. Од домот на семејството се подигнати 20-тина различи траги за кои е издадена наредба за вештачење. Исто така, издадена е наредба за обезбедување на медицинските истории на тројцата пациенти. Се преземаат и други дејствија, соопштија од обвинителството.

Изјава за семејното труење ќе биде земена и од 55 годишниот син. Тој пред 10-тина дена ја загуби жената, а денеска и мајката, откако на 15-ти месецов заедно јаделе од домашно подготбената пита со праз.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.