Вчера во 16.55 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на крстосницата од ул.„Љупчо Сантов“, ул.„Браќа Ставреви“ и ул.„Раде Кратовче“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.А.(42) од Кочани и патничко возило „бмв“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Кочани, по што возилото „фолксваген поло“ удрило во пешаците Р.К.(50) од Кочани и М.Р.(20) од с.Оризари, кочанско, и во паркирано патничко возило „рено“ со кочански регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.К., додека со телесни повреди се здобиле М.Р и двајцата возачи, констатирани во Јавна здравствена установа Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.