Директорот на затворот „Скопје”, во Шутка, Бобан Утковски, во изјава за „Скопје1” посочува дека шест лица се пријавени за избегани. Ова значи дека во затворот, во меѓувреме, се вратиле уште четири лица.
Шест се избегани, МВР е во моментов во затворот и постапува согласно со законот. Напуштање на објектот го направиле со прескокнување на оградата. Ако користеле привилегии не би имало квалификација бегство, вели Утковски за „Скопје1”.
Тој додава:
Четворицата во самото броење се имаат појавено, ќе се прегледуваат камери за да се произнесеме за нивното движење, биле во кругот или не.
„Скопје1” објави дека голема тепачка избила во затворот „Скопје“ во Шутка. Вербална расправија прераснала во пресметка каде 10 лица физички натепале двајца затвореници. Натепаните биле однесени во болница. Се тепале со држачи од кревети и вентилатори, кои имаат остри агли. Причината била поради банална вербална расправија.
Физичката пресметка била околу 14 часот. Две лица се однесени во болница. Тие се прегледани и според досегашните информации имаат полесни повреди. По враќањето ќе бидат сместени во посебни простории“, изјавува Утковски за „Скопје1“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.