Kривичниот суд Скопје ја објави првостепената пресуда за предметот „Маџар Телеком“ против три лица, двајца Унгарци и еден Германец, на кои им се судеше во отсуство, бидејќи не се достапни за органите на прогон.
Станува збор за Атила Сендреј, Ролф Плат и Золтан Кишјухас.
Тројцата обвинети се прогласени за виновни за кривичното дело несовесно работење во службата. Поранешните високи функционери во компанијата беа обвинети дека ги оштетиле буџетот и домашниот Телеком со склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарска консултантска куќа.
Секој од обвинетите доби по 8 години затворска казна. Воедно, обвинетите се задолжени да ја надоместат штетата во висина од 67.407.760 денари за Македонија, како и судските трошоци за постапката.
Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.