Пет лица се повредени, од кои двајца тешко, во судирот што се случил вчера попладна на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Плинарата.
Како што соопшти МВР, во во 18.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, со гостиварски регистарки ознаки, управувано од З.Н.(44) од гостиварско Здуње и патничко возило „опел астра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Л.К.(51) од Дебар.
Во несреќата, возачот Л.К. и сопатничката С.К.(20) се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца други сопатници, сите од Дебар, се здобиле со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гостивар, соопштија оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.