Вчеравечер во 21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(27) од Скопје, патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Ј.(44) од Скопје и пешакот А.Д.(38) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.