Вчера во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија, соопштува МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.